Ѕвездата на Баерн Минхен бара плата која Германците не можат да си ја дозволат

Алфонсо Дејвис следното лето би можел да ги промени клупските бои и да стави крај на кариерата во Баерн Минхен, пренесуваат германските медиуми. Кандаскиот репрезентативец има важечки договор со баварците до јули 2025 година, но преговорите за продолжување на соработка запреа при барањата за годишните примиња.

Двасетидвегодишникот цели на минимална годишна плата од 10 милиони евра плус бонуси за секој трофеј, сума која е преголема за Баерн Минхен па не се исклучува можноста за негово заминување од германскиот шампион во 2024 година. Баварците во тој случај ќе бидат принудени на продажба следното лето, со цел Дејвис да не замине од клубот како слободен играч година подоцна. Во тој случај прв на листата на следни клубови се јавува Реал Мадрид.

Шпанскиот гигант веќе некое време го следи Дејвис и во него гледа како долготрајно решение на левата бековска позиција каде Реал Мадрид оваа сезона има најголеми проблеми. Канадскиот интернационалец на една година пред истекот на договорот со Баерн би ги чинел „кралевите“ околу 35 милиони евра.

Се вчитува...