Канте и Бензема го однесоа Ал Итихад во 1/4 финалето на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал Итихад обезбеди пласман во 1/4 финалето на Светското клупско првенство, затоа што во Џеда ја совладаа екипата на Окленд Сити од Нов Зеланд со 3-0.

Избраниците на Марсело Гаљардо ја оправдаа улогата на фаворити, а првиот гол во 29. минута Ромарињо успеа да го најде патот до голот на противникот. Канте постигна прекрасен гол од волеј, а потоа Бензема во 40. минтуа ја заврши работата со рутински гол.

Во вториот дел немаше погодоци, Ал Итихад го намали темпото, на крајот рутински приведувајќи го мечот до самиот крај.

Ал Итихад во 1/4 финалето ќе се сретне со египетски Ал Ахли во петок во 19 часот.

Се вчитува...