Кошаркарот на Барселона, Вили Хернангомез изјави дека Реал не го сакал во текот на летниот преоден рок, и дека во Барселона се чувствува како дома. Во текот на кариерата тој веќе играше за Реал, а потоа и за Њујорк Никс, Шарлот и Њу Орлеанс.
После минатата сезона во која не доби многу минутажа, се одлучи да се врати во Европа и да се пресели во Барселона.
„Реал Мадрид не ме сакаше ова лето. Барселона ми даде шанса да бидам на добро место, и ситуацијата да биде добра за мене. Сакам да се заблагодарам на Реал Мадрид за шансата која миа ја даде. Играв таму, растев и станав професионалец. Потпишав со Барселона на три години, а се надевам дека ќе бидам уште 10 затоа што тука сум како дома. Имам чувство дека во НБА лигата дадов се што можев. Се борев за шанса, играв со најдобрите кошаркари, бев крај најдобрите сопственици, претседатели како Мајкл Џордан или Фил Џексон и не можам да жалам“, рече Хернангомез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

