Разочарувањето на „Олд Трафорд“ вечерва беше комплетирано, откако стана јасно дека Манчестер Јунајтед не само што нема да игра во Лигата на шампионите во пролетниот дел од сезоната, туку нема да игра ниту во Лигата на Европа.
„Црвените ѓаволи“ вечерва требаше да победата, и да чекаат реми во Копенхаген, меѓутоа тие загубија од Баерн Минхен, и јасно беше дека што и да се случи на другиот меч во групата, нема да му одговара на Јунајтед.
Јунјтед не можеше да дојде до победа над Баерн Минхен, кој дојде во водство со голот на Коман во 71. минута од средбата, и на крајот и до победа со кој го исфрлија тимот од Манчестер, кој важеше за еден од фаворитите во оваа група заедно со Баерн.
Копенхаген е сензационалниот осминафиналист, откако на домашен терен го совлада тимот на Галатасарај со 1-0. Стрелец на голот беше Лерагер во 58. минута од средбата. Данскиот тим го заврши мечот со играч помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА