Наполи и Елмас продолжуваат во ЛШ, елиминација за Унион Берлин

Елиф Елмас и неговиот Наполи ќе играат во Лигата на шампионите и во вториот дел од сезоната, откако вечерва го совладаа тимот на Брага на домашен терен со 2-0.

Победникот беше решен уште по првиот дел, кога Саатчи најпрво си постигна автогол во 9. минута, а потоа Осимен во 33. минута зголеми на 2-0, и практично тоа беше конечен резултат. Елмас влезе во игра во 60. минута од средбата.

Од оваа група Унион Берлин е елиминиран од Европа, а Брага оди во Лигата на Европа. Унион Берлин имаше водство против Реал, но на крајот „кралевите“ стигнаа до уште една победа во групата и со максимални 18 бодови се пласираа во 1/8 финалето.

Мало чудо направи екипата на Бенфика, која требаше да триумфира над Салцбург со два или повеќе разлика, и успеа во тоа во 92. минута од средбата. Најпрво Бенфика водеше со 0-2, па австрискиот тим стигна до намалување, резултат кој им одговараше, но Кабрал во 92 минута од натпреварот даде гол за конечен триумф и продолжување во Лигата на Европа.

Интер и Реал Сосиедад одиграа меч без голови.

Standings provided by Sofascore

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...