Голманот на Баерн Минхен, легендарниот Мануел Нојер дојде до нов рекорд во својата кариера. Вчера во Манчестер, го одигра натпреварот број 700 во својата кариера. Инаку ова беше неговиот 318 меч во кој не прима гол.
Нојер на крајот рече дека не знаел дека ова е неговиот јубилеен 700-ти натпревар, и изрази задоволство од победата, особено што доаѓа после катастрофата која ја доживеа тимот на гостувањето во Франкфурт.
„Бевме многу лути по нашиот настап во Франкфурт, и веднаш покажавме реакција. Тренерот беше многу среќен и кажа дека е горд на нас. Дадовме се од себе да победиме. Мораме да го правиме тоа на секој меч. Ние сме тим кој има сила да се бори за пехарот во Лигата на шампионите. Не знаев за тоа дека ова е мој јубилеен натпревар. Да бидам искрен, не очекував дека работите ќе се развијат толку добро после повредата. Среќен сум и им благодарам на лекарите“, изјави германскиот голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА