ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Најслаб Манчестер Јунајтед во ЛШ во историјата

Неколку дена откако ја доби наградата за играч на месецот во ноември, Хари Мегваер доби разочарувачки вести во Лигата на шампионите оваа сезона. Стоперот се повреди на мечот со Баерн Минхен, и засега е непознато колку ќе паузира.

Манчестер Јунајтед е надвор од Европа, нема да игра ниту во Лигата на Европа откако загуби од Баерн Минхен. Голема заслуга за елиминацијата има секако одбраната, која се покажа како една од најслабите алки сезонава.

Јунајтед прими вкупно 15 голови во групата, што е најмногу од еден член на Премиерлигата во историјата во Лигата н шампионите. Ниту еден тим од Англија досега не примил толку многу голови колку што Јунајтед, кој сега ќе се фокусира само кон Премиерлигата, каде што исто така не му оди најдобро.

Се вчитува...