Во Барселона ситуацијата е алармантна, претседателот му дал наредба на Чави за играчи

Тренерот на Барселона, Чави во последен миг го изменил составот кој ќе настапи вечерва на дуелот со Антверпен на гостински терен. Каталонското радио јавува дека тренерот добил повик од претседателот за тоа кои играчи да ги користи.

Шпанските медиуми пишуваат дека ова е преседан, со оглед дека досега во Барселона не се мешал претседателот околу составувањето на тимот.

Инаку Чави претходно одлучи да не ги носи на гостувањето фудбалерите Левандовски, Араухо и Гундоган за да ги одмори. Меѓутоа неколку часа подоцна под притисок на претседателот морал да попушти и да ги поведе на ова гостување.

Барселона и онака е првопласирана во групата, и ништо не може да ја загрози нивната позиција.

Се вчитува...