Македонските клубови, со крајот на есенскиот дел од сезоната 2023/23, се погласни во едногласниот став за итна имплементација на ВАР-системот и на фудбалските натпревари во Првата македонска фудбалска лига.
По реакциите на Македонија ЃП, Вардар, Брегалница, Шкупи… сега со официјално соопштение се огласи и Шкендија која наведува дека воведувањето на ВАР ќе помогне во подигнување на имиџот на македонскиот фудбал, и ќе донесе поголема регуларност на натпреварите.
„Шкендија ја изразува својата загриженост за големите пропусти во судискиот дел од домашниот фудбал и итно бара имплементација на ВАР системот. Овој чекор ќе обезбеди потранспарентно опкружување и ќе помогне да се спречат индивидуални произволни грешки, со што ќе се зголеми веродостојноста и стандардот на фудбалската игра. Веруваме дека оваа акција ќе помогне да се подигне имиџот на фудбалот и ги замолуваме сите клубови да ни се придружат во оваа иницијатива за чиста и фер игра“ – се вели во соопштението од ФК Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

