Димитрис Итудис добива отказ, Фенербахче избра нов тренер

Грчкиот стратег Димитрис Итудис се наоѓа пред отказ во Фенербахче и покрај тоа што неговиот договор со турскиот евролигаш од Инстанбул трае и во следните две години, пренесуваат грчките медиуми. Итудис го превзема Фенербахче летото 2022 година и не успеа да му донесе ниту еден трофеј на клубот во сезоната 2022/23 во која беше запрен и во четвртфиналето од Евролигата од страна на Олимпијакос.

Оваа сезона гигантот има негативен скор во Евролигата од шест победи и седум порази и се наоѓа на 11. место на табелата. Притоа Фенербахче е втор во турското првенство и во понеделникот доживеа пораз од ривалот Ефес во натпревар во кој противникот настапи без клучни играчи.

Нов стратег на турскиот тим ќе биде Андре Тринкиери, поранешниот стратег на Партизан кој е без ангажман сезонава откако си замина од клупата на Баер Минхен. Како сериозен кандидат се споменуваше и Шарунас Јасикевичиус, но раководството на Фенер на крајот го избра Тринкиери за наследник на Итудис, кон до крајот на денот и официјално ќе си замине од овој клуб.

Се вчитува...