Реал Мадрид славеше со 2-3 на гостувањето против Унион Берлин во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите. Меч без никакви резултатско значење за „кралевите“ кои од претходно го обезбедија првото место во групата.
Но, и покрај тоа што многумина сметаа дека Реал нема потреба да игра со најдобрите, Анчелоти се одлучи во тимот да го вклучи и англискиот репрезентативец Белингам кој заработи сосема непотребен жолт картон по расправија со судијата.
„Беше тоа глупаво добиен жолт картон. Не смееме така да реагираме. Но, немаше ризик од физичка природа Белингам да не игра, се чувствува добро. Многу ни помогна. Единствена подготвена однапред измена беше Тони Крос за Валверде“ – вели Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

