Трократниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен вели дека воопшто не му недостасуваат борбите на патеката со Луис Хамилтон.
И натаму на сите љубители на брзините во сеќавање им е епската сезона од Формула 1 во 2021 година која беше решена во последниот круг од последната трка во календарот.
Макс тогаш дојде до својата прва титула во кариерата по која следеа уште две кои, пак, Ферстапен ги освои на доминантен начин. Од таа трка Луис Хамилтон не запишал ниту една победа во Формула 1.
„Искрено не ми недостасуваат дуелите со Луис. Задоволен сум како се одвиваат нештата за мене и за мојот тим. Секако ја ценам битката која ја водевме некогаш, но сега уживам вистински во една ваква консталација на силите“ – вели Ферстапен, и дополнува:
„Се случуваат некои чудни нешта во овој спорт, и јас минував низ истото. Има пад, но тоа на Луис може да му биде само дополнителен мотив“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА