Баерн остана без двајца првотимци по мечот на „Олд Трафорд“

Баерн Минхен успеа да слави на гостувањето на „Олд Трафорд“ и да го елиминира Манчестер јунајтед од европските купови за оваа сезона, но баварскиот гигант скапо го плати овој триумф по повредите на двајца првотимци.

Нусаир Мазрауи се пожали на повреда во првото полувреме и мораше да биде заменет со Лајмер, а во вториот дел настрада и стрелецот на голот Кингсли Коман, кој исто така предвреме го заврши мечот на „Олд Трафорд“. Деталните прегледи покажаа дека Коман има истегнување на мускулот и ќе паузира околу три седмици, додека повредата на Мазрауи е посигурна, десниот бек ќе отсуствува шест седмици и ќе го пропушти и претстојното издание на Купот на Африкански Нации, кое ќе се одржи во јануари 2024.

Баерн моментно се наоѓа на второто место на табелата, со четири бода заостанување, но и со меч помалку во однос на лидерот Баер Леверкузен. Баварскиот гигант до крајот на оваа календарска година го очекуваат уште две средби, дома со Штутгарт и на гостински терен против Волфсбург, дуели за кои Тухел дефинитивно нема да може да смета на Коман и на Мазрауи.

Се вчитува...