Вардар го освои првото место во својата група и ќе пренесе максимални бодови во плејофот откако „црвено-црните“ славеа на денешниот последен меч против Голден Арт со резултат 32-24.
Гостите изненадија со беспрекорно издание во првото полувреме, во кое ГА целосно го контролираше резултатот, на одмор заминувајќи со водство од 12-14. Вардар конечно заигра подобро во вториот дел, ги затвори приодите кон сопствениот гол и почна полесно да реализира на спротивната страна. ГА пропушти шанса при 19-19 кога имаше двајца играчи повеќе на теренот, Вардар поведе со 21-19, се одлепи и си го трасираше патот до убедливиот триумф.
Срдановиќ со шест гола беше најдобар стрелец во победничкиот тим, по пет постигнаа Ѓукиќ и Николиќ, додека најефикасен кај Голден Арт беше Милошески со десет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА