Ван де Бек пред преселба во Бундес-лигата

Дони ван де Бек дојде како големо засилување во Манчестер Јунајтед од редовите на Ајакс, но холандскиот интернационалец никогаш не ги оправда очекувањата во дресот на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед сега има проблем да најде купец за талентираниот играч за врска, пред се поради високата плата што тој ја има загарантирано со договорот со англискиот премиерлигаш. Овој проблем беше пречка тој да не се пресели во редовите на шпанска Џирона, а според последните информации Ван де Бек е многу блиску до преселба во Бундес-лигата.

Ајнтрахт Франкфурт е клубот што покажува најсериозен интерес за Холанѓанецот, овој бундеслигаш веќе почна преговори со Јунајтед и двете страни се многу блиску до договор. „Црвените ѓаволи“ се согласни дури и да покријат дел од платата на Ван де Бек во наредните шест месеци, а за возврат ќе вметнат клаузула за задолжителен откуп за летниот преоден рок, се со цел да се ослободат од фудбалерот кој е едно од низата промашени засилувања во последните неколку години.

Се вчитува...