Нереална партија на Антетукомбо ретко видена и на НБА-паркетите (ВИДЕО)

Грчкиот репрезентативец Јанис Антетукомбо одигра уште една нереална партија постигнувајќи 64 поени во победата на Милвоки над Индијана од 140-126 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.

На извонредната шутерска партија Јанис дополни и 14 скока, на тој начин запишувајќи уште еден „дабл-дабл“ ефект.

 

Бруклин на домашен терен славеше против Феникс со 116-112, предводен од Томас со 24 поени, а на спротивната страна Јусуф Нуркиќ заврши со учинок од 15 поени и 22 скока.

Возбудлив натпревар одиграа Сан Антонио и ЛА Лејкерс, со гостинска победа на „езерџиите“ од 119-122. Лејкерс ги предводеше Дејвис со 37 поени и 10 скока, а кај Сан Антонио, Вембанјама постигна 30 поени, и имаше 13 скока.

Ембид со 41 поен ја предводеше Филаделфија до победа на гости против Детроит од 111-129. Њу Орлеанс на гости го декласираа Вашингтон со 122-142, додека Мајами на домашен терен беше подобар од Шарлот победувајќи со 115-104.

Одличната партија на Јанг од 35 поени и 17 скока не беше доволна Атланта да избегне пораз на гости од Торонто од 135-128. Кај Торонто, Сиакам запиша 33 поени.

Хјустон го совлада Мемфис со 117-104, а Јута во возбудлив натпревар беше подобра од Њујорк никс со 117-113. Секстон со 26 поени ја предводеше Јута до триумфот.

Се вчитува...