НБА го казни кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин поради удирање на играчот на Феникс, Јусуф Нуркиќ.
Голден Стејт нема посакувани резултати оваа сезона, а проблемите сега се зголемуваат со отсуството и на еден од најдобрите играчи Дрејмонд Грин.
Грин имаше испад на средбата со Феникс на која го „нокаутираше“ Нуркиќ, потег за кој се извини по натпреварот, но тоа не му помогна НБА да го суспендира на неодредено време. Суспензијата е и поради тоа што ова не му е прв инцидент на ветеранот, ова му беше трето исклучување во актуелнава сезона и сега ќе мора да исполни одредени услови на лигата и на тимот за да може да се врати на теренот.
Draymond has been ejected after flagrant foul on Nurkić pic.twitter.com/RmrLU5tdw8
— Bleacher Report (@BleacherReport) December 13, 2023
Дрејмонд дури 18 пати е исклучуван од натпреварите во досегашната кариера што е рекорд меѓу активните играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

