Порто синоќа славеше со 5-3 на дуелот против Шатхјор во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Од мечот и еден од најконтроверзните голови сезонава во Лигата на шампионите.
Дел од играчите на Порто сосема очекувано застанаа во одбраната и чекаа сигнал од главниот судија Ковач, но тој го испочитува новото правило и даде сигнал за офсајд дури по крајот на акцијата. Главната грешка ја направи линискиот судија кој со својата сигнализација ги збуни играчите на Порто, а бидејќи ВАР-системот покажа дека нема нерегуларна ситуација, погодокот на Сикан беше признаен на крај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА