Најголемиот циција во светот на фудбалот игра во Баерн Минхен, тврдат сите оние кои директно се вклучени во германскиот фудбал. Со годишна плата од 20 милиони евра, Томас Милер е апсолутно еден од најплатените играчи на Баерн, но сето тоа залудно кога воопшто не ужива во нив.
Голем дел од неговите соиграчи се поотворено почнуваат да зборуваат за карактерот на Милер кој воопшто не си дозволува задоволства какви би можел да има со платата која ја заработува.
Леон Горецка неодамна откри и на Инстаграм каков всушност мобилен телефон носи легендарниот фудбалер, буквално целосно искршен, затоа што не сака да издвои средства за нов.
Конечно, по прозивките од соиграчите и шегите на негова сметка, 34-годишниот Милер призна дека му е неопходен нов.
„Време е за нов. Некогаш батериите се загреваат до максимум кога телефонирам“ – одговори Милер на прашањето дали му е потребен нов телефон.
Let‘s hope that Christoph Freund can still call @esmuellert_ for contract talks… 😝 pic.twitter.com/x5bID9daIo
— labestianegra1900 (@lbn19000) December 13, 2023
Горецка дополно низ шега дека Милер нема да биде достапен некое време, а на неговите прозивки се дополнија и останатите соиграчи од Баерн кои велат дека „Милер е едноставно таков, и тешко дека ќе се промени“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

