Криза во Барселона: Кавга на Чави и Деко, Де Јонг лажирал повреда

Поразот од Антверп со 3-2 во последното коло од групната фаза во Лигата на Шампионите со кој воедно се продлабочи и резултатската криза на Барселона дополнително ги влоши работите во каталонскиот тим.

Барселона се мачи на теренот и воопшто не изгледа својствено. Во главно победите се со еден гол разлика, а последен пат кога каталонците славеа убедливо беше токму против Антверп со 5-0 во месец септември. Поради тоа тренерот Чави е под голем притисок и се поблиску до отказ.

Познатиот шпански новинар Герард Ромеро открива дека по поразот во Белгија дошло и до вербална расправа помеѓу Чави и спортскиот директор Деко и нивниот однос е потполно нарушен. Чави смета дека Деко со изјавите во медиумите му го уништува авторитетот во соблекувалната кој оди во насока фудбалерите да лажираат повреда само да не настапуваат на теренот што е ситуацијата со Френки де Јонг.

Се вчитува...