Заработува 235.000 евра неделно, а мобилниот телефон му е „канта“ (ВИДЕО)

Леон Горецка, соиграчот на Томас Милер во Баерн Минхен и германската репрезентација, објави на својот Инстаграм видео. Го снимил својот соиграч во текот на ручек, за на фановите да им открие каков мобилен телефон користи.

Снимката и разговорот стана хит на социјалните мрежи, со оглед дека Милер, кој заработува повеќе од 235.000 евра неделно, покажува дека телефонот му е за во „канта“.

Горецка: Што е со телефонот?

Милер: Време е за нов.

Горецка: Зарем работи?

Милер: Да, но често се загрева батеријата и топло ми е додека разговорам со некој.

Се вчитува...