Кошаркарскиот клуб Фенербахче потврди дека нов тренер на екипата е Шарунас Јасикевичиус. Согласно најавите, Литванецот ќе ја води екипата, во која се враќа после 12 години пауза.
Беше Шарунас дел од Фенербахче во 2011 година како кошаркар, а сега се враќа во клубот и како тренер. Тој е без ангажман, откако три години претходно го водеше тимот на Барселона, а претходно беше во Жалгирис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА