Тен Хаг доби ултиматум, мора да го исполни до крајот на годината

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг има причина да биде загрижен за неговата иднина, со оглед дека му се заканува отказ од клупата на тимот од „Олд Трафорд“. Екипата испадна од Европа, далеку e од конкурент за титулата во Премиерлигата, па така според информациите Јунајтед веќе почна да бара нов тренер.

Хулиен Лопетеги, екс менаџерот на Вулверхемптон, се споменува како можен наследник, но сега се појавија нови информации околу неговата иднина.

Наводно челниците на Јунјатед му соопштиле на Тен Хаг дека доколку сака да ја спаси својата позиција во Јуанјтед, ќе мора да почне да бележи доби резултати. Првите луѓе на тимот одлучил дека иднината на тренерот ќе зависи од резултатите до крајот на годината, вклучувајќи го и „боксинг деј“, кога му било кажано дека Јунајтед мора да остане во конкуренција за првите четири позиции.

Доколку Тен Хаг не успее да го стори тоа, тогаш веројатно ќе дојде до негова смена. Засега се споменуваат и звучни имиња, еден од нив е Зинедин Зидан кој е без ангажман.

Се вчитува...