Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов не го криеше разочарувањето што неговиот некогашен тим испадна од Лигата на шампионите.
Јуанјтед заврши на последната позиција во група со Баерн Минхен, Копенхаген и Галатасарај, прими вкупно 15 голови, што е најмногу на еден англиски тим во историјата во најелитното европско натпреварување.
„Еден тим треба да биде подготвен за предизвикот во Лигата на шампионите, а не да заврши последен во групата. Ако завршите последен, чувствува срам, тага, разочарување и гнев кон вас и вашите соиграчи. Мислам дека не беа подготвени добро за овој предизвик, а ако немаш квалитет, тогаш нормално е да губиш. Срамоте е да завршил зад Копенхаген и Галатасарај. Настапот на тимот против Баерн Минхен не беше добар“ изјави Бербатов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА