Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри кажа дека неговата екипа нема да има лесна задача во битката за титулата во Серија „А“. Конкуренција на Јувентус е Интер, кој во моментов има два бода предност, но тренерот на Јуве смета дека токму конкурентот е фаворит за Скудетото.
Алегри кажа дека нивната цел не е титулата, туку излез во Лигата на шампионите, кој Јувентус оваа сезона го пропушти поради казната од одземените бодови која стигна во текот на минатата сезона.
„Знаеме дека Интер е фаворит и тимот е скроен да ја освои титулата. Претседалоте Жанг кажа дека целта им е втората ѕвездичка. Ние имаме друга цел, имаме играчи кои полека стигнуваат и мораме да напредуваме. Тоа се мали чекори, не се работи само за неколку меча, но мораме да бидеме во ситуација да пребродуваме тешки моменти“, изјави Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА