Историја: Жена првпат ќе суди меч во Премиерлигата

Ребека Велч ќе испише историјата во англиската Премиерлигата, откако ќе биде првата жена која ќе суди меч во „елитата“ во Англија, соопштуваат од ФА. Велч е одредена за главен судија на натпреварот Фулам – Барнли кој се игра на 23. декември во Лондон.

Англичанката е на ФИФА листата од 2015 година, а судеше на Светското првенство за жени. На машки натпревари судела во ФА Купот и во Лига Купот на Англија, во Премиерлигата досега била четврти судија на мечот меѓу Фулам и Манчестер Јуанјтед кој се играше на 4. ноември.

Следната сабота, конечно, ќе ја испише историјата во ова натпреварување.

Се вчитува...