Фановите на германската репрезентација се повеќе веруваат дека Тони Крос ќе се врати во селекцијата на Германија за настапите на ЕВРО 2024 година, кое ќе биде одиграно токму на домашен терен.
Тој се повлече од германскиот национален тим после ЕП одиграно во 2021 година, но во моментов игра во супер форма, и се повеќе се размислува да биде премислен и повторно да заигра за „елфот“.
Сомнежните ги подгреа и неговиот соиграч од Реал Мадрид, Антонио Ридигер кој призна дека работи на убедување на играчот да се врати во националниот тим.
„Антонио ме изненади затоа што не сум размислувал на ова прашање. Размислив и му дадов одговор, но не можам да ви го откријам“, рече Крос.
Во изминатиот период Крос беше дециден дека нема да се враќа во националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА