Гризман откри кој ќе му биде последен клуб во Европа

Сегашниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, откри кој клуб ќе му биде последен за кој ќе игра во Европа. Тој откри дека потоа сака да се проба и на други места.

Гризман покрај Атлетико, во минатото беше дел и од Реал Сосиедад, а мина и две сезони во Барселона, каде што по неуспешната епизода се врати во Атлетико, и покажа дека овој тим целосно му одговара.

„Сакам Атлетико Мадрид да биде мојот последен клуб во Европа. И тогаш може да уживам во фудбалот на други места. Сакам да продолжам да играм тука, на ниво на кое ќе му помогнам на тимот. Тика има многу добри играчи. Останува да се види како ќе функционира тоа во текот на следниот период“, рече Гризман.

Се вчитува...