Супер-компјутер прогнозираше кој ќе го крене пехарот во ЛШ – овој тим не е меѓу фаворитите

Заврши групната фаза од Лигата на Шампионите, за понеделник е закажана ждрепката за осминафиналето, а повторно во функција беше ставен „суперкомпјутер“ кој се користи за симулации околу тоа кој тим има најголеми шанси да стигне до пехарот на големите натпреварувања.

Изненадувачки, главен фаворит според овој суперкомпјутер е англискиот вицепрвак Арсенал. „Топчиите“ играат одлично сезонава, без проблеми стигнаа до првото место во групата, а суперкомпјутерот им дава 22% шанси да стигнат до титулата. Само за споредба, шампионот Манчестер Сити е втор на оваа листа со 20%, пред Баерн Минхен со 15% и Реал Мадрид со 12%.

Само за потсетување, Арсенал никогаш досега во клупската историја не стигнал до пехар во Лигата на Шампионите, „топчиите“ играле само едно финале, она во 2006 година кога загубија од Барселона со 1-2.

Се вчитува...