Јувентус со понуда – Кјелини прво амбасадор, подоцна и директор на „старата дама“

Џорџо Кјелини објави дека ја завршува професионалната кариера, а легендарниот дефанзивец веднаш доби неколку понуди да остане во фудбалот и по крајот на активното играње.

Американците му нудеа да биде дел од лигата, имаше понуда и од последниот клуб Лос Анџелес, додека Италијанската фудбалска федерација го сака Кјелини крај Буфон, за со своето искуство да му биде од помош на селекторот Спалети, но и да го крене имиџот на „аѕурите“.

Сепак, Кјелини јасно стави до знаење дека плановите во моментов му се поврзани со Јувентус, а тој денеска ја доби и првата понуда од својот поранешен клуб. Јуве му нуди на легендарниот фудбалер да стане амбасадор на „старата дама“, и тоа за наредните две години. Желба на Кјелини е да биде повеќе вклучен во работата на тимот, но „црно-белите“ сметаат дека за тоа е потребно искуство што тој го нема во моментов.

Затоа, понудата вклучува и опција за нови разговори по една година, кога на Кјелини ќе му биде понудено директорско место во таборот на „старата дама“. Останува да се види одговорот на екс-дефанзивецот, дали ќе сака да почека на поодговорна функција во Јувентус или ќе ја одбие „старата дама“ и ќе добие некоја од останатите понуди што ги има на маса.

Се вчитува...