Историја за Србинот и НБА: Јокиќ запиша „трипл-дабл“ за само половина час (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер славеа против Бруклин со 124-101 во уште еден натпревар кој го одбележа српскиот центар Никола Јокиќ.

Јокиќ успеа да дојде до 115-от „трипл-дабл“ во кариерата и десетти оваа сезона, и така стана единствен играч во историјата на НБА кој во седум едноподруго сезони запишал двоцофрен број „трипл-дабл“ остварувања.

Јокиќ за само 30 минути игра запиша 26 поени, 15 скока и 10 асистенции и го водеше Денвер до третата едноподруго победа, 17-та актуелнава сезона.

„Со Никола животот е полесен“ – истакна по мечот тренерот на Денвер, Мајк Мелоун и дополни:

„Тој е така добар играч, игра со таква леснотија и ефикасност. Но, тоа што најмногу ме радува кај него е неговата одбрана. Сакав да биде агресивен, сакам да биде на тоа ниво, и мислам дека вечерва ги постави тие стандарди“.

Џамал Мареј се врати во тимот после мечот пауза, и натпреварот го заврши со 16 поени, додека Пејтон Вотсон заврши со 18 постигнати поени.

Се вчитува...