Легија Варшава успеа да избори место во нокаут фазата од Конференциската лига на УЕФА по синоќешната победа од 2-0 над АЗ Алкмар.
Претходно, пак, Легија беше жестоко казнета од УЕФА по нередите кои полските навивачи ги предизвикаа во Бирмингем пред дуелот со Астон Вила. Полскиот великан беше казнет со 100.000 евра, и забрана за гостувањата на навивачи на Легија на пет натпревари во Европа.
Па, синоќа и за очекување беше одговор од навивачите на варшавскиот клуб. Тоа го направија на препознатлив начин, со феноменална кореографија и транспаренти.
На трибините беше прикажан човек кој чита весник со главен наслов на насловната страница: „Време е да ја исфрлиме Легија од Европа“.
А, потоа него уште еден транспарент со порака: „Кучињата лаат, караванот си поминува“.
14.12.2023, Legia Warszawa🇵🇱 against AZ Alkmaar🇳🇱 https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/iOw0Z5v2ES
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) December 14, 2023
Сето тоа беше испратено и со силна пиротехника, поради што Легија без сомнение сега ја очекува нова казна од УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА