Македонја ќе биде домаќин на еден од трите турнири во Европската Златна лига следната година.
Одбојкарската репрезентација ги дозна противниците за Европската Златна лига 2024, која првпат ќе биде организирана со лигашки формат. Вкупно 12 репрезентации на три различни турнири ќе одиграат по шест натпревари со различни противници. По одигрувањето на сите три турнири ќе биде одредена табелата, а првопласираните четири селекции ќе играат во полуфиналето на Златната лига.
Македонија ќе биде домаќин на првиот турнир во периодот од 17. до 19. мај. Во Скопје, Македонија ќе игра против селекциите на Естонија и на Чешка.
Вториот турнир од 24. до 26. мај ќе се одржи во Белгија каде македонските одбојкари ќе играат против Белгија и против Азербејџан, а третиот турнир 31. мај до 2. јуни во Хрватска, каде Македонија ќе се соочи со домаќинот Хрватска и со Шпанија.
Финалниот турнир е закажан од 15. до 17. јуни во Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА