Чави се соочува со се поголем притисок поради слабите игри ир резултати на Барселона сезонава, но младиот стратег јасно стави до знаење дека воопшто не размислување за повлекување од кормилото на каталонскиот гигант.
Барса има седум бода заостанување зад водечката Џирона во Примера, згора на тоа загуби од Антверпен во последниот дуел од Лигата на Шампионите, а викендов каталонците ги очекува незгодно гостување против Валенсија.
„Искрено, да бевме елиминирани од Лигата на Шампионите, ќе разберев зошто е толкава вревата. Вака, стигнавме до првото место во групата во ЛШ, се уште сме во игра за титулата во Ла Лига… секако дека имаме простор за напредок, дека во последно време не игравме како што знаеме, но јас сум убеден во квалитетите на тимот, во она што го работиме и знам дека тоа на крајот ќе ги даде посакуваните резултати. Не ни помислувам да си поднесам оставка, тоа би значело дека не верувам во она што го работам. Јас стојам зад сето ова и знам дека ја имам поддршката и на претседателот Лапорта и на директорот Деко“, изјави Чави на денешната прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

