Погодете со кој клуб Антоан Гризман игра „Фудбал Менаџер“

Францускиот фудбалер на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е еден од многуте навивачи, фудбалери и тренери кои ја играат популарната игра „Фудбал Менаџер“ која низ годините се покажа како полн погодок и за бројни клубови во обидот да ангажираат нови засилувања.

Во разговор за „ЕСПН“ францускиот репрезентативец откри со кој клуб игра.

„Да, играм „Фудбал Менаџер“ со Блекбурн Роверс. Ми оди многу добро, моментално сум на шестото место во првенството. Сакаат да ми го продолжат договорот, а неодамна донесов и еден многу добар играч. Шкотланѓанец е, играше и за Ливерпул само не можам да се сетам на името“, изјави Гризман.

Гризман во богатата кариера покрај за Атлетико Мадрид настапуваше и за Реал Сосиедад и Барселона.

Се вчитува...