Гест за почит: Сампдорија на годишнината од смртта на Михајловиќ ќе игра со посебни дресови (ФОТО)

Сампдорија, поранешниот клуб на прерано починатиот поранешен српски фудбалер и тренер, Синиша Михајловиќ за годишнината од неговата смрт се одлучи на потег кој наиде на огромен респект на фудбалскта јавност.

Утрешниот натпревар против Реџина во Серија Б кој е закажан со почеток од 14 часот ќе биде одбележан со посебни дресови на кои ќе се најде и ликот на Михајловиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by U.C. Sampdoria (@sampdoria)

Србинот беше дел од тимот од 1994 до 1998 година, а потоа седна и на тренерското место предводејќи го клубот од 2013 до 2015 година.

Се вчитува...