Мадрид е на нозе – пристигна новото бразилско чудо од дете (фото)

Реал Мадрид заврши фантастична работа откако во изминатиот период од рана возраст ги осигура потписите на Винисиус и на Родриго, а Флорентино Перез се надева дека сличен успех ќе има и со најновата тинејџерска ѕвезда од Јужна Америка, суперталентираниот Ендрик.

За овој играч се интересираа речиси сите европски гиганти, Реал успеа да победи во трката за негов потпис нудејќи фантастични 60 милиони евра, а Ендрик на 17-годишна возраст неодамна дебитираше за А-селекцијата, уште една потврда за неверојатниот потенцијал што го поседува овој фудбалер.

Тој утрово пристигна во Мадрид, а бидејќи не може да се пресели во Реал пред да наполни 18 години, наредните денови ќе ги мине во дружба со своите нови соиграчи пред во јануари и официјално да му се приклучи на „кралскиот клуб“.

Навивачите на „кралевите“ со право се возбудени, бидејќи со бразилското трио, надополнето со Белингем, најверојатно од јули и со Мбапе, пред Реал Мадрид е блескава иднина…

Се вчитува...