Тен Хаг: Се надевам дека Мегваер нема долго да биде отсутен

Англискиот репрезентативец и столб во одбраната на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер поради повреда ќе го пропушти дуелот со Ливерпул во Премиерлигата, соопшти менаџерот Ерик тен Хаг.

Мегваер заработи повреда на дуелот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, по што ќе биде отсутен неколку меча.

„Хари нема да биде достапен во следните неколку натпревари, но не очекувам долго да биде отсутен“, рече Тен Хаг.

Мегваер беше прогласен за играч на месец ноември во Премиерлигата.

Се вчитува...