Голем хендикеп за Борусија Дортмунд пред финишот од есенскиот дел од сезоната. „Милионерите“ ќе мора да бидат без услугите на Карим Адејеми во следните три недели поради повреда заработена на мечот со ПСЖ во Лигата на шампионите.
Адејеми беше херој на мечот, откако го постигна голот за предност, а потоа ПСЖ успеа да израмни, бод со кој Борусија ја задржа првата позиција на табелата во ЛШ. Адејеми беше стрелец на гол и против Милан на „Сан Сиро“ во победата од 1-3.
На дуелот против Аугзбург, Борусија ќе биде и без услугите на Матс Хумелс поради црвен картон, а ќе го нема и Џулијан Рајерсон. Во тимот се враќа Себастијан Халер кого го немаше поради повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

