Мурињо лут: Ме наместија, не сум го направил тоа!

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо се налути поради објавата на неколку медиуми денеска, дека наводно Португалецот ги одбрал најдобрите 11 со кои некогаш соработувал.

Гостувал во поткаст на поранешниот играч Џон Оби Микел, и наводно објавил со кои 11 најдобро соработувал. Листата која беше објавена: Чех, Занети, Тери, Галас, Карваљо, Макалеле, Лампард, Озил, Дрогба, Роналдо, Азар.

Португалскиот стручњак веднаш ги демантираше овие објави. На „Инстаграм“ објави остар демант.

„Лажни вести. Ова не сум го одбрал јас. Нема никогаш ни да го направам. Имав толку врвни играчи, но најважно е што играчите ми дале. Играчите кои ми дадоа се, тоа се најдобрите 11. Сите. Затоа секогаш каде и да сум одел, сум ги бирал најдобрите 11“, напиша Мурињо.

Се вчитува...