Изнанедување на клупскиот мундијал: Бензема и другарите елиминирани од Ал-Ахли (ВИДЕО)

Карим Бензема и неговите соиграчи нема да играат во полуфиналето на светското клупско првенство, откако Ал-Итихад е елиминиран од Ал-Ахли од Египет.

Иако важеше за фаворит, Ал-Итихад е поразен со 3-1 од противникот. Згора на тоа Бензема е трагичар со промашен пенал.

Малул од пенал во 21. минута донесе предност. Потоа во 45. минута Бензема не реализираше пенал, а за тоа неговиот тим беше жестоко казнет.

Ел Шахат во 59. минута зголеми на 2-0, за Ашур три минути подоцна зголеми на 3-0. Бензема само успеа да намали во 92 минута.

Ал-Ахли во полуфиналето ќе игра против Флуминенсе.

Се вчитува...