Менхенгладбах и Вердер си поделија по бод (ВИДЕО)

Борусија Менхенгладбах и Вердер Бремен одиграа интересен, возбудлив и до крај неизвесен натпревар кој заврши без победник 2-2.

Вердер прв поведе, па Менхегладбах направи пресврт, за на крај тимот од Бремен да стигне до еден бод. Боре во 7. минута донесе гостинско водство, а Рајц во 45. минута израмни.

Истиот играч во 49. минута донесе пресврт, но Вердер нападна, и преку Дукш во 76. минута израмни и освои голем бод. Во финишот, Крамер доби црвен картон и ги остави домашните без играч.

Се вчитува...