Ришарлисон и Кулушевски му донесоа победа на Тотенхем кај Нотингем (ВИДЕО)

Екипата на Тотенхем стигна до втората победа по ред, и полека излегува од кризата, откако вечерва го совлада составот на Нотингем Форест со 0-2.

Ришарлисон на асистенција на Кулушевски, во втората минута од судиското надополнување од првиот дел донесе предност. Во 58. минута домашниот тим стигна до гол, но беше поништен, а потоа следуваше казна.

Во 65. минута Кулушевски успеа да го однесе Тотенхем до 0-2. Проблематично беше тоа што во 70. минута беше исклучен Бисума, но домашните како да немаа сила ниту квалитет да се обидат да стигнат.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...