Рико: Изгубив 20 килограми, но сакам повторно да се вратам на фудбалот

Голманот на ПСЖ, Серхио Рико, откри дека загубил 20 килограми после несреќата, која за малку ќе го чинеше живот. Тој во мај оваа година падна од коњ, а притоа беше удрен во главата, со што заработи тешки повреди.

Шпанецот беше и во кома, која траеше неколку недели. Според лекарскиот извештај, Рико бил оддалечен од смртта само неколку сантиметри, меѓутоа сега се надева дека ќе се врати на фудбалот до крајот на сезоната.

„Мојата крајна цел е да бидам со екипата пред крајот на сезоната“, рече Шпанецот.

„Станувам подобар од ден во ден, но медицински и натаму не сум 100%. Останувам во Севилја каде ќе го продолжам лекувањето. Изгубив 20 килограми после несреќата. Имав 91-92 килограми, паднав на 73, а сега се вратив на 88. Бев чепкалка кога излегов од болница. Секогаш му пишувам на лекарот и го прашувам кога ќе се вратам на теренот. Со нетрпение чекам да се вратам на својата рутина, да бидам повторно фудбалер. Но, тоа не е во моите раце, туку лекарите ќе го имаат последниот збор“, изјави Рико.

Се вчитува...