Ница го губи здивот во битката за шампионската титула со ПСЖ во француската Лига 1, откако доживеа шокантен пораз од 3-1 на гостувањето против Ле Авр.
Сосема неочекувано Ница загуби против аутсајдерот. Емануел Саби беше главниот актер во првото полувреме. Младиот Американец најпрво во 5. минута донесе предност од 1-0 за Ле Авр, а потоа во 35. минута го запиша и својот втор гол за водство и од 2-0.
Ситуацијата не се промени ниту во второто полувреме. Мохамед Бајо во 51. минута зголеми и на 3-0, за да Тоди Луше во 91. минута постигне само почесен гол за гостите.
Ле Авр после оваа победа скокна на деветтата позиција на табелата во Лига 1, а во следното коло ќе му гостува на Ремс. Ница, пак, на домашен терен го пречекува Ленс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА