ВИДЕО: Пеп Гвардиола доживеа „нервен слом“, па следеше урнебесна реакција на Рој Хоџсон кон него

Манчестер сити продолжува со лошите игри последните шест кола во Премиерлигата, ремизирајќи (2-2) на денешниот натпревар со Кристал Палас пред своите навивачи.

Имаа „граѓаните“ предност и од 2-0, но дозволија гостите со гол од пенал во 95. минута да дојдат до бод.

Токму тие последни минути од мечот го извадија надвор од контрола Пеп Гвардиола. Камерите на „Етихад“ го покажаа моментот кога главниот судија досуди пенал за гостите и реакцијата на двајцата тренери.

Шпанецот беше во очај кога виде дека Кристал Палас доби удар од белата точка, а вистински хит беше менаџерот на гостите, Рој Хоџсон кој му се изнасмеа во лице на Пеп Гвардиола.

Се вчитува...