Том Локер доживеал срцев удар, сега е веќе стабилен

По несаканите сцени на денешниот натпревар против Бурнмаут во Премиерлигата, вечерва со официјално соопштение се огласи и Лутон споделувајќи информации за капитенот на тимот, Том Локер кој колабираше на терен.

Од Лутон информираа дека Локер доживеал срцев удар, но со брза интервенција на лекарскиот тим е спасен и веднаш пренесен во болница.

„Потврдено е дека Локер доживеал срцев удар на теренот, но постојано бил свесен. Тој доби медицинска помош веднаш на стадионот и затоа сме навистина благодарне на докторите. Том брзо беше пренесен во болница и сега се наоѓа во стабилна состојба“ – информираа од Лутон.

Интересно, на велшкиот репрезентативец истото му се случи и во мај оваа година кога колабираше на терен против Ковентри. Потоа беше подложен и на операција на срцето, но во јуни доби дозвола повторно да се врати на фудбалските терени.

Се вчитува...