Поранешниот британски тенисер Грег Руседски смета дека Горан Иванишевиќ ја заслужува наградата за најдобар тренер во 2023 година.
Иванишевиќ како тренер на Новак Ѓоковиќ дојде до три и четири грандслем титули во 2023 година, како и до трофејот на завршниот Мастерс во Торино. Но, тоа не беше доволно да ја добие наградата од АТП.
Наградата за најдобри тренери им припадна на Дарен Кејхил и Симоне Ванјоци, менторите на Јаник Синер. Тоа наиде на неодобрување од Новак Ѓоковиќ кој застана во одбрана на својот тренер.
„Честитки за Дарен и Симоне на одличната сезона со Јаник. Горан очигледно ние мора да ги освоиме сите четири грандслем титули за да може да бидеме во избор за награда. Завршена година на број еден, три грандслема, завршниот Мастерс… Пишувањето историја не е доволно, мој драг тренеру“ – напиша Ѓоковиќ.
На ист став е и Грег Руседски…
„Само еден меч му недостасуваше и неколку поени од календарски Грандслем. 24 грандслем титули и продолжува понатаму. Дарен направи одлична работа со Синер, но само еден човек ја заслужи наградата за тренер на годината, а тоа е Горан. И никој друг. Потешко е да се остане на врвот отколку да се стигне таму, посебно со 36 години“ – напиша Руседски на својот твитер профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

