Валенсија и Барселона одиграа натпревар без победник во 17. коло од Ла Лига.
Каталонскиот тим беше поблиску до победата доаѓајќи до предност на дуелот со голот на Жоао Феликс во 55. минута, но не успеа да ја задржи до крајот на мечот.
Виновник за „украдената“ победа на Барселона беше Гиљамон кој во 70. минута постигна извонреден погодок за конечни 1-1.
⚽️🇪🇸 GOAL | Barcelona 1-1 Valencia | Guillamon
WHAT A GOAL FROM GUILLAMON!!!pic.twitter.com/naaOXIfnsE
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) December 16, 2023
Барселона заостанува шест бода зад водечката Џирона која има и натпревар помалку, а Каталонците се и со четири бода заостанување зад второпласираниот Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

