Легендарниот НБА ас, Карим Абдул-Џабар итно е примен во болница во Лос Анѓелес откако го скршил колкот по пад во својата куќа, пренесуваат американските медиуми.
Карим во петокот вечер бил на концерт па по враќањето дома имал несакан инцидент, и го скршил колкот. Неговата претставничка за односи со јавноста, Дебора Моралес потврди дека случајно паднал доживувајќи тешка повреда на колкот.
Веднаш интервенирала Брзата помош, па е итно хоспитализиран и опериран.
Моралес, притоа, ги пренеси и зборовите на Абдул-Џабар со „благодарност за поддршката која ја добил од сите служби во Лос Анѓелес за негова помош“. Од Универзитетската клиника каде е хоспитализиран рекоа дека не е животно загрозен, дека се чувствува добро и сега му следи опоравување.
Карим Абдул-Џабар во 2020 година објави дека се лечи од рак на простатата, како и од леукемија од 2008 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

